Единствената паметна инвестиција е да инвестираш во себе

Сите ние трошиме за некогаш важни, некогаш помалку важни и дури некогаш сосема неважни работи. Некои трошат од потреба, некои од желба за неколку минутно чувство на среќа и задоволство. Купуваме гардероба која некогаш, а можеби и никогаш нема да ја употребиме.

Често пати готрошиме својот нај ненадоместлив ресурс, а тоа е времето кое многу малку го цениме. Мислиме дека го имаме доволно и во неограничени количини. Така што го трошиме на сосема неважни работи како што се: оговарање со сосетката, пријателот, колегата… гледање на телевизиски серии како тие не забавуваат да го потрошиме она малку време што го имаме. Според светски истражувања една третина од своето време го трошиме и за следење на социјалните мрежи и интернет содржини.

Сето ова води кон просечност, а просечноста раѓа незадоволство, а незадоволството нервоза, стрес, стресот ….

На сите предавања или работилници кои ги држам без разлика дали се работи за бизнис или личен раст и развој често ги прашувам луѓето ” дали нешто инвестираат”? Одговорите секогаш се различни но едено може сигурно да се заклучи, а тоа е дека луѓето под инвестиција мислат само на материјални нешта.

Да се биде просечен е лесно. Само продолжи како и до сега, а тоа впрочем и го знаеш. Но ако сакаш подобри резултати во животот и во работењето во било кое животно поле мора да се инвестира. И тоа:

  • ако си продавач, мора да инвестираш во дополнително знаење и совладувања на нови продажни вештини (луѓето и околностите се менуваат околу тебе. Неможеш вечно да продаваш и при тоа да остваруваш врвни резултати, а да работиш на начин на кој си научил и работиш од пред 5,10,20 години)
  • ако си бизнисмен, мора да инвестираш покрај во своето знаење и во знаењето на твоите вработени. Успешна е онаа комапнија колку што е успешен неговиот тим. ( помина времето на купување готов кадар, маржи од 50,70,100%. Сега живееме во време кога тим се создава и се гради со години)
  • ако си невработен, неможеш вечно да се жалиш дека нема работа за тебе и верувај ми дека не си посебен. Одвој време и размисли што е тоа што навистина сакаш да го работиш. Не што можеш или што се бара, туку што ти навистина сакаш да работиш бидејќи тоа ќе го работаш во следните барем 3-5 години. Кога ќе дефинираш што навистина сакаш, тогаш провери дали некоја вештина или знаење ти се потребни да ги доусовршиш или научиш. Така ќе бидеш мотивиран и многу лесно ќе пронајдеш работа, дури можеш и да се вработиш каде што сакаш.
  • ако си родител, мора да научиш како да се промениш во подобра личност, бидејќи Ти си идеалниот родител на своето дете и се што правиш твоето дете ќе сака на ист начин тоа да го прави. Ти си пример за своето дете. Сите ние кога сме биле мали сме сонувале едене ден да биеме како нашиот родител. Тогаш дали треба да го воспитуваш твоето дете или да се воспитуваш сам себе.

На овој список му нема крај, но поентата е следна:

  1. Инвестирај во себе не во предмети, машини… ( кинезите одамна го преплавија светот)
  2. Инвестирај време за да научиш нови знаења и вештини
  3. Инвестирај во книги, семинари, вебинари, работилници оти тие ќе те направат попаметен, а како попаметен ќе заработаш и повеќе
  4. Инвестирај од левиот џеб во главата, бидејќи главата ќе ти го наполни десниот џеб
  5. Инвестирај време во ближните, бидејќи никој немаме договор со господ
  6. Инвестирај време во тоа што те прави среќен, бидејќи целите се на висока вибрација

Leave a reply:

Your email address will not be published.

Site Footer