Како до финасиска слобода

Финансиска слобода е една од најпосакуваните желби на секој поединец без разлика на неговата моментална состојба. За да најпрвин го разбереме овој термин ќе објасниме како во западните земји, а најповеќе изразено во соединетите американски држави тоа го пресметуваат. Нели, сите сакаме да имаме доволно и притоа да не се грижиме за финансии, но два најбитни параметри мораат да бидат јасно пресметани, а тоа се колку во моментот имаш и тоа е почетната точка и колку би сакал точно да имаш, а тоа е крајната посакувана дестинација.

Па еве како определуваат во САД колку човек навистина е богат. Објаснувања можете да најдете разни, но ова е најдобрата формула според мене која гласи: Ако од овој момент престанеш да работиш, уште колку денови ќе ти преостанат да го живееш животот со ист квалитет како што до овој момент го живееш?   Тука одговорот можете да го пронајдете само вие и никој друг.

Второто прашање гласи: Колкав износ на средства сакаш да имаш во период кога ќе престанеш да работиш и дел од тие средства да можеш да ги инвестираш како би можел да остваруваш дополнителен приход, односно приход кој ќе ти ја овозможи твојата финансиска слобода.

Постојат неколку типови на луѓе и тоа

  1. оние кои мислат дека со работа за плата тоа неможе да се постигне
  2. оние кои мислат дека само со напорна работа тоа може да се постигне
  3. оние кои мислат дека мора да те облази туѓа мува (наследство)
  4. оние кои тоа веќе го имаат направено
  5. постојат сигурно и други …

Мене ми се интересни овие четвртите кои тоа веќе го имаат направено и за кои ќе зборуваме. Дека и во нашата држава можеме тоа да го направиме, зборува фактот дека животното осигурување постои во македонија и е регулирано со закон уште од 2005 година. За жал податокот гласи дека само приближно 3% од македонските граѓани имаат полиса. Во останатите земји од опкружувањето е далеку подобро, но сепак уште подалеку од жителите на германија, австрија, америка, јапонија. Секако дека предпоставувате дека на врвот се наоѓаат јапонците со дури 82% од населението. Нормално дека сеуште животното осигурување е нова тема во нашата држава, бидејќи до не така одамна живеевме во едно друго општество каде што државата обрзбедуваше работни места, лекување на државна сметка, бесплатни или лекови со смешни цени, квалитетна пензија и многу други привилегии кои нашите родители и дедовци и баби ги уживаа. За сите што уште незнаат или не се сигурни, живееме во време на капитализам кој гласи ако имаш пари ќе се лекуваш, ќе се вработиш, ќе почнеш сопсвен бизнис, ќе спечалиш односно заштедиш за добра пензија.

Ако земеме во предвид, дека огромен број од населението има кредити, кредитни картици и задолжувања по разен друг основ , многу лесно може да забележиме дека многу голем број од луѓето ќе останат изненадени. За вам драги мои да не ви се случи истото, а впрочем до оние кои имаат намера и сакаат финансиска слобода, најпрво пожелно е да си направите полиса на животно осигурување кое што наједноставно кажано што и да ви се случи, вашето семејство ќе биде наследник на осигурана сума плус очекувана добивка која се пресметува наједноставно кажано: вашата годишна заштеда или премија плус годините на договорот кој максимално е до 25 години. Па на пример човек кој штеди 1000 евра пати 25 години тоа е 25000 евра плус очекувана добивка. Тука морам да нагласам дека не е сеисто дали вашето семејство ќе наследи -25000 евра плус добивка или ќе наследи +25000 евра плус добивка.

Ако ова ви дава мир и спокој дека вашата навика за ШТЕДЕЊЕ плус оплодување на средствата ќе биде исплатена што вам и да ви се случи, може да ви даде мир и спокој, бидејќи добрата вест е дека по завршувањето на договорот сите, ама буквално сите пари се ваши и можете да ги подигнете наеднаш.

Ајде уште еден пример за да биде појасно. Трпе има 40години и направил полиса во износ од 1000 евра на 25 години. Трпе на 65 година само што ќе почне да живее на државна пензија ќе добие и 25.000 евра плус добивка која може да достигне и да ја дуплира сумата. Значи Трпе својата финансиска слобода ќе ја дочека на 65 години.

Уште еден начин за остварување на финансиска слобода е инвестирање во инвестициски фондови, каде што други луѓе, професионалци во својата област, се грижат за оплодување на вашите средства. Постојат повеќе начини на инвестирање како и инвестициски фондови кои секако се друга тема.

Мојот омилен начин како човек може да ја постигне својата финансиска слобода е да ги обезбеди и едната и другата варијанта или да одбере микс од овие два финансиски продукти.

Секако, советувајте се со вашиот личен брокер. За повеќе информации околу овие теми како и за условите и да ви изготви најдобар предлог врз основа на вашите можности.

Драги мои, како што можете да забележите, до финансиска слобода може да се дојде и само со една навика за мало штедење и инвестирање во иднината.

За крај една изјава на Warren Buffett кој вели

На 11 години за прв пат почнав да инвестирам. Kриво ми е што не сум почнал од порано

Сите кои имаат дополнителни прашања околу оваа тема слободно пишете во коментар или испратете меил на kocovski.a@gmail.com . За оние кои се позаинтересирани можат да се пријават на некои од моите работилници или вебинари на оваа тема.

 

Leave a reply:

Your email address will not be published.

Site Footer