Тимски coaching се организира како повеќечасовна работилница со цел да се зајакне тимот, за воспоставување на вредности и поставување на долгорочни цели.

За да се отпочне со coaching процес во еден тим, неопходно е да помине определено време за да се стекне доверба.

Кога се употребува тимски coaching?

Тренирање на тимовите е моќно и продуктивно средство за ангажирање на поголем број на вработени со цел:

  • Усогласување на тимски вредности
  • Креирање на тимска визија
  • Подигање на нивото на мотивација
  • Дефинирање на стратегија
  • Отпочнување со нов проект
  • Поставување на деловни цели во склад со лични и тимски вредности
  • Пронаоѓање начин за постигнување хармонија помеѓу сите членови во тимот
  • Утврдување на ефикасни чекори на патот до остварување на тимските цели
  • Превземање на одговорност
  • Посветување на договорената цел

Како изгледа процесот?

Почнува со тоа што се поставуваат правилата на игра. Потоа важно е да се воспостави разбирање и одобрување на сите учесници во процесот во врска со темата и целта на процесот.

На почетокот на работењето, коучот има за задача да го подигне нивото на енергија и мотивација на учесниците. Фокусот се усмерува кон креирање на визија, зајакнување на саканите исходи, подигање на свеста на учесниците за важноста и личното остварување преку остварувањето на тимските цели. Погледот е насочен кон далечната иднина и креирање на јасна слика на успешен тим и поединци како последица на постигнување на дефинираните цели.

Потоа коучот обезбедува сите учесници да допринесуваат во работењето, подеднакво да се вклучени и да се уважува мислењето на сите учесници. Дополнително, важна улога на коучот е да на ненаметлив начин го усмерува процесот кон договорените цели.

Конкретно во голем број на дискусии во тимови, често се случува да се одлута од суштината и тимот да се заглави во решавање на ситници или ситуации кои не се од суштинско значење за поставената цел. Во овој процес се појавуваат некои кои ќе превземат појасен чекор, а на некои поединци им е незгодно да разговараат отворено со останатите. Затоа коучот е тука зa непристрасно и без завземање и изнесување на личен став ги води учесниците во дискусија за да обезбеди конечниот резултат на сесијата биде креиран со групна работа со поддршка од сите учесници.

Во текот на работењето, коучот користи различни техники за да ги ангажира учесниците, ја ослободува креативноста и радозналоста на учесниците и го води целиот процес накај саканата состојба на тимот преку мирен тек. Само кога ќе го занемарат своето его и желба да бидат во право, тогаш може квалитетно да се работи и сите земаат активно учество.

Еднаш кога тимот ќе го достигне овој мирен тек, почнува со креативна и конструктивна работа. Идеите се почитуваат и секоја идеја се користи како основа за надоградување, а конечниот резултат е збир на најдобра комбинација на сето искажано. Учесниците го ослободуваат својот потенцијал и решенијата се насочуваат кон постигнување на заедничката цел, а не на личните цели.

Во текот на овој дел, растеретено се преиспитуваат опции, можни препреки на патот до остварувањето и се пронаоѓаат начини за нивно надминување, како би се осигурало дека замислениот пат биде навистина сигурен пат и решенијата бидат реални и остварливи.

Завршување на процесот се спроведува преку дефинирање на конкретни задолженија, акциони чекори и обврзување на учесниците на активно учествување во реализација на договореното.

Последна фаза на тимската работилница на коучинг, служи за повторно подигнување на енергијата и будење на периодот кој следи, односно реализација на сето договорено. Доколку е потребно се наименува носител на проектот кој на себе зема лична одговорност да го следи темпото на остварување и управува со резултатите.

Доколку е можно, најдобро би било работилниците да се организираат надвор од нивните простории во компанијата, за да се поместат од секојдневното опкружување. Со ова се спречуваат повремени излегувања “за да завршат хитни кратки обврски” кои влијаат на концентрацијата на останатите во тимот.

Тимови кои практикуваат работа преку тимски коучнинг, се зацврснати и подготвени се, да се соочат со периоди на промени и работа под стрес, бидејќи на овој начин се зголемува нивото на меѓусебна доверба и поддршка.

Site Footer