ЌЕ ЈА ЗАТВОРАМ ФИРМАТА! ЈАС ЌЕ СЕ СНАЈДАМ, АМА ВИЕ ЌЕ ОСТАНЕТЕ НА УЛИЦА!

Па добро, ќе одморам ли јас некогаш во животот? Има ли крај на проблемите? Неможе човек да дојде на работа и да поработи раат? Се нешто непланирано ќе излезе и мора да ми се расипе денот! Работнициве се како деца. Ти им збориш едно, тие прават друго. Јас навистина веќе незнам што да им правам? Или ќе ми касни роба, или ќе ја оштетат, или ќе ми ги згрешат фактурите… се нешто мора да излезе. Работај, рмбај и пак ништо. Барем да вреди…

Ви звучи познато? Ова моите уши го слушаат постојано и секој ден. Жалење, жалење,жалење…    и се согласувам.  Да се води бизнис во денешно време не е лесно. Но, да се води бизнис 5,10,20 години и сеуште да се среќаваш со вакви секојдневни проблеми укажува на нешто друго.

Како во сообраќајот што важат правила кои или ќе ги почитуваш или ќе се соочиш со несакани последици, така е и со водењето бизнис. Но во твојата организација ти и само ти си возачот кој ја сноси целосната одговорност. Неможеш кога се е добро и постигнуваш резултати да си ти возачот, а кога нешто ќе тргне наопаку да бидат одговорни патниците, односно вработените. Некои правила мораат да се применат почитуваат. Дали тие правила ќе се применат на почетокот и по третата година од формирањето само и постојано ќе ги надградуваш или ќе се препуштиш самите вработени да измислуваат правила, а ти само повремено ќе им кажуваш што не е добро и ќе им се лутиш, тоа зависи само од тебе и од твојата замисла како треба да изгледа твојот бизнис.

Како се однесуваат најчесто менаџерите, газдите,раководителите?

Ќе свикаат состанок кој се води без никаква посебна најава, без тема на разговор, без точно утврдено време и ќе им ја пренесат лутината и незадоволството  и очекуваат од нив во иднина тоа да не се случи, а длабоко во нив сите знаат дека прашање на време е кога истото и истото ќе се повтори.

Многу ми се интересни состаноците во кој само еден зборува, а останатите молчат, но ајде тоа ќе го оставиме за друг пат 🙂

Добро сега ќе речете знам јас што треба. Да ги избркам и да вработам други со кои ќе почнам се од почеток. Да, но каде се тие други? Добрите се веќе ангажирани и задоволни, а останатите ја напуштија земјава. Што сега?

Еве неколку можни решенија:

  1. За се треба да постојат правила и процедури или систем на работење
  2. Правилата не се измислуваат секој ден туку се донесуваат врз основа на предходна анализа и врз потребите на организацијата.
  3. Правилата ги донесува раководителот и најдобро е во соработка со консултант кој е непристрасен и има широка слика за организацијата.
  4. Се почнува со свесноста за промени кај раководителот, сопственикот. Ако има свесност тогаш нема никаков проблем во имплементација, во спротивно тоа се вика самозалажување и не носи никаков резултат.
  5. Менаџерот/сопственикот е лидер во компанијата. Лидерот е личен пример. Ако ти си тој што ги донесуваш правилата, тогаш од тебе се очекува ПРВ да ги примениш. Неможе, ТИ да продолжиш по старо, а од вработените да очекуваш промени. Промената почнува со тебе.                             Биди примерот што сакаш светот да го види го рекол Ганди, уште многу одамна и пред ти да се соочиш со овие проблеми.

Следиме на facebook: Aleksandar Kocovski life& business coach

LinkedIn:  Aleksandar Kocovski

Mail: aleksandar@ibusinessgroups.com

Leave a reply:

Your email address will not be published.

Site Footer