Во животот понекогаш ни се случуваат ситуации кои ниту сме ги посакувале, ниту очекувале. Си мислиме дека тоа на нас никогаш нема да ни се случи, но ете се случува.

Нема поголемо чувство на неизвесност, стрес, безизлезност… кога се работи за формирање на семејство, односно моментот кога планираш, сакаш и очекуваш да добеш деца. Твои деца!! Момент кој го сонуваш уште од детство.

Кога ќе пораснам ќе имам толку деца, па родендени, одмори, прв точак, прво училиште…..

Доаѓа тој ден и си велиш; сега веќе може да се размислува на деца. Поминува време, но резултатот никако да покаже линија или две…

Почнува паниката и се што таа носи: лекари, форуми, експерименти до бес свест.

Сите кои имаат предизвик со стерилитет со задоволство ќе им ги пренесам личните искуства преку коучинг сесија, а со цел олеснуваање во процесот и крајна цел која ја очекуваат и сето без никакви обврски и материјален надоместок.

 

Site Footer