Како го решив проблемот со промашени состаноци

Уште пред да појдам чувствувам дека нешто сум погрешил. Влегувам во кола, ама не сум раат. Се храбрам… Ќе стигнам!! ееее не мие прв пат, колку пати сум тргнал пододоцна, па сум стигнал на време. Влегувам во една уличка, инаку јас сум мајстор за кратенки и што ќе видам колона возила. Уфффф почна ладен пот. Сега ми е јасно дека нестигам. Ни напред ни назад. Се удриле скутер и рено меган… ми вели една госпоѓа. Се е закочено!!

Стигнувам со доцнење од 35 минути и влегувам забрзано, а пред мене една љубезна госпоѓа. Имав закажано со господин Зоран и велам. Дали ќе бидете љубезна да го прашате, дали ќе ме прими и секако се извинувам поради моето доцнење. Директорот замина пред дваесеттина минути ми вели и не верувам дека ќе се врати- со вас му беше последниот состанок.

“Ова ќе биде мое последено доцнење и пропуштен состанок” си ветувам сам на себе.

Се враќам во канцеларија и правам план. Од сега не закажувам сто обврски. Ќе ги применам сите техники што ги имам од семинари и веќе одам по ред. Хитни, битни, помалку битни…. ги редам. Правам добра стратегија и ги подредувам по важност. Проверувам дали имам неделва закажано состаноци и дали планирам да закажам и ги подредувам во предвидено време. Оваа грешка веќе нема да дозволам да ми се случи никогаш.

Конечно ми олесни. Се ми оди од рака. Задоволен јас од постигнатото, ги подвлекувам задачите кои сум ги завршил на крајот на денот. Си велам вредеше. Пропадна еден состанок, ама вредеше. Сега сето тоа е задмене.

Беше петок како сега се сеќавам. Имав закажано состанок, а ми остануваше уште доволно време. Си велам да поминам до центар итака имам време да се видам со еден пријател. Се најдов со пријателот и разговаравме со кафенце. Навлезен во интересната тема на која зборувавме, погледнувам на часовникот и повторно истото чувство…. ладен пот, нервоза, стрес… лут сам на себе! Му се извинувам на пријателот и заминувам забрзано на состанокот на кој веќе прашање е дали ќе стигнам навреме. Одам и два гласа се слушаат внатре во мене. Едниот вели ” Срам да ти е, едно ветување на себе неможеш да го исполниш, па до кога вака… ” и другиот  ” Ќе стигнеш не се грижи, па не ти е првпат! ”

Глупости…исто и повторно исто. Ветување, ветување,ветување…

Еве како го решив конечно еднаш за секогаш проблемот со доцнењето и пропуштање на состаноци.

Сватив дека не се проблем состаноците бидејќи свесен сум колку тие ми значат инаку во спротивно не би ги закажувал, туку проблемот е во самодисциплината. Се задлабочив во самоанализата во врска со самодисциплината и за половина час напишав повеќе од 20 различни ситуации во кои таа самоконтрола многу ме чинела. Списокот немаше крај. Го закачив списокот во канцеларија на видно место за секогаш да ме потсетува на моите слабости. Влези во канцеларија погледни се во огледало. Излези од канцеларија, погледнисе во огледало. Од тој ден списокот на моите глупости беше моето огледало. Веднаш до него направив список со афирмации: Јас секогаш стигам навеме на сите состаноци. Јас владеам со себе во секоја ситуација. Јас секогаш однапред го планирам времето. Јас секогаш навечер и наутро ги проверуам своите обврски и плански ги извршувам!….

Тоа го правев 21 последователен ден бидејќи добро знам за да се создаде една нова навика потребно е најмалку 21 ден, а за таа да остане трајна потребно е најмалку 72 дена.

Денес тоа го правам од навика и уживам во благодетите на планирани обврски и спонтаноста во работењето. Но тоа небеше од секогаш така.

Вежба Како да решиш навика која не ти служи.

  1. Мора да бидеш свесен за истата
  2. Размисли и напиши список на ситуации во кои таа иста навика се повторува. Земи доволно време и подсетисе на ситуациите. Помини ги ментално се додека не ти се појави некоја емоција. Ако не ти се појави некоја негативна емоција, домашната сеуште не е завршена!
  3. Направи список на афирмации и изговарај ги секој ден најмалку 21 последователен.
  4. Постави ги на некое видно место каде што поминуваш секој ден. Тоа е твое огледало.

Внимавај!!!  Најголем број од луѓето се откажуваат на вториот ден и никогаш не ги уживаат благодетите на создавање нова навика. Навика која ни служи и не гради во нова поуспешна личност.

ПРЕДПЛАТИ СЕ ЗА ДА ДОБИВАШ Е-БИЛТЕНИ

Leave a reply:

Your email address will not be published.

Site Footer