Што е Master Mind?

Во последно време често слушаме за “Master Mind” тренинзи па време е и да им објасниме и на луѓето кои не се запознати со овој тип на тренинг.
Благодарение на основополжниците на модерната психологија или психологија на успех како сакате: Наполеон Хил, Ендрју Карнеги…, подоцна пренесени и нивните принципи и дела од Боб Проктор, Џек Кенфилд, Марк Виктор Хенсен, Вејн Дајер како и многу други, дознаваме за важноста од опкружување со луѓе кои сакаат да работаат на себе, односно да постигнат повеќе успеси во својот живот. Тренингот трае девет недели, а средбите се еднаш неделно во време трање од час и половина.
Зошто е девет недели и еден пат неделно?
На сите им е познато дека во нашето тело постојат мускули и со нивно активно и постојано користење тие се зајакнуваат и ја зголемуваат својата цврстина и маса, додека многу малку луѓе знаат дека и во нашиот ум постојат ментални мускули. Ако ги користиме односно вежбаме тие растат и се развиваат, но доколку не ги користиме тогаш тие атрофираат или изумираат. За да научиме и ја совладаме материјата потребно е континуирано време на вежби и работа исто како и што луѓето одат во теретани да ги вежбаат своите телесни мускули.
На тренингот обработуваме повеќе теми како што се:
  • Како функционира нашиот ум
  • Седум нивоа на свест: животно, маса, предендент, поединец, дисциплина, искуство, господар (во кое поле во животот, на кое ниво се наоѓаме)
  • Пет животни целини : здравје физички изглед, финансии, семејство и односи со партнерот, работа и кариера,емоции (бараме хармонија)
  • Природни односно универзални закони: закон на поларитет, закон на релативност, закон на вибрација, закон на привлекување, закон за причина и последица, закон за бескрајна трансмутација, закон на допуштање, закон на инкубација, закон на вакум,
  • Одлуки за промени
  • Поставување на цели
За време на секој тренинг учесниците добиваат практични вежби и задачи како и вежби на кои треба да работаат во домашна атмосвера. За секоја промена потребно секако е време. Тренингот е само гребање по површина односно осознавање на нештата. Научениот материјал како и негова примена бара време, посветеност, трпеливост,промена на некои навики кои не ни служат, како и усвојување и примена на научените закони. Но кога еднаш наученото ќе се примени и се претвори во позитивно ново искуство, проблемите и промените во животот ги доживуваме како предизвици и нови лекции кои ни служат за наш личен раст и развој, а не да гледаме како на препреки од кои ни се јавува страв, грижа и анксиозност.
Животот е прекраток за да го живееме бесцелно и да чекаме да се создадат услови врз кои немаме никакво влијание. Еден од најголемите подароци што бог или универзумот како сакате ни ги дал, е правото на избор. Изборот почнува во нашите мисли. Дали ние ќе бидеме возач и ќе превзмеме контрола на нашиот сопствен живот или ќе бидеме сопатник и ќе остваруваме туѓи желби и цели.
Во продолжение ви ги пренесуваме искуствата на дел од учесниците на тренинзите:
Овој тренинг ми донесе ново позитивно и незаборавно искуство. За работењето во група на почетокот бев резервирана, но подоцна тоа се претвори во голема вредност. Менторот одлично ја познава материјата и беше задоволство да се биде на тренингот. ПТ
На првиот час сакав да се откажам бидејќи ми делуваше глупост и губење на време. На предлог на мој пријател дојдов и на вториот час, а потоа ми беше криво што многу бргу поминаа девет недели. Едвај чекам нови тренинзи. СМ
Од самиот почеток знаев дека тренигот ќе биде одличен. Со нетрпение ја чекав секоја следена среда. Од групата непознавав ниту еден, но денес се мои драги пријатели со кои сеуште се дружиме. Тренигот најискрено им го препорачувам на сите. Менторот едноставно си ја знае работата. ТА

Site Footer