Разлика помеѓу образувана и интелегентна личност


“Секоја будала може нешто да знае, но поентата е да разбира” Albert Einstein


Луѓето во денешно време често ги мешаат образованието со интелигенцијата и затоа многу е важно еднаш за секогаш да ја разграничиме оваа разлика.


Фактот дека некој завршил факултет или прочитал стотина книги, не значи дека таа личност е интелегентна и може да се снајде во комплицирана ситуација како што ни носи животот, а особено бизнисот.


Знаење и разбирање се сосема две различни работи


Едно е да се научи напамет рецепт за некоја торта или гледање како тоа се прави, а сосема друго е да се разбере што навистина се случува за време на приготвувањето.


Препознавањето на одредени работи е најчесто површно и врзано за наблудување и паметење, но разбирање е нешто многу подлабоко и вклучува природна радозналост која настојува да ја објасни причината.


Интелегенцијата е таа која ги подтикнува големите умови да дојдат до генијални откритија.
Да ги следат трагите, да бидат радознали, да размислуваат подлабоко, да ги поврзат трагите и истражуваат нови можности за кои до тогаш се мислело дека се невозможни.


Изолирано и фокусирано размислување за одредени факти е бескорисно трошење на енергија, а со спојување на тие факти за да се создаде широка и поголема слика е интелегенција.


Луѓето со висок Q го доживуваат определениот детал како дел од големата сложувалка, па од почеток го тражат другиот дел што им недостасува се додека не добијат целосна слика.


Тие го разбираат односот помеѓу некои работи и тоа е тоа, што се обидуваат да разберат за таа конкретна поврзаност.


Личностите на кои интелегенцијата им е слаба страна, но се образовани и начитани, имаат навика да не се грижат за работите кои им се надвор од нивната граница на размислување.


Инаетење наместо соработка


Многу луѓе се во состојба квалитетно да се расправаат и ги бранат своите ставови и мислења, но најчесто тоа води само кон трошење на енергија и кавга.


Затоа поважно е да се научи да се премолчи, да се попушти и да се разреши некоја ситуација по своја слободна волја.


Луѓето кои имаат пониска интелегенција, а се доста образовани имаат превисоко мислење за себе и кога се расправаат имаат силна потреба да се докажуваат дека се во право.


Никогаш не размислуваат дека од секој човек може по нешто да се научи, без разлика дали е некој образуван, начитан или не е. Тие не можат да разберат дека човек може да биде многу интелегентен, да знае се и сешто, иако можеби никогаш не одел во училиште.


Ова е една од причините што неможат да ја сватат, кога ќе разберат како некој успеал во животот или во бизнисот, па веднаш за да го оправдаат својот неуспех почнуваат да коментираат како: не ми кажувај за него јас го знам уште од средно, те молам не ми зборувај за неа ја познавам уште од основно кога незнаеше да си го избрише носот, не ми зборувај за него едвај поминуваше на училиште, кој Тој? па јас му ги решавав тестовите по математика, тој не знаеше ништо – мора да работи нешто нечесно…… и слично.


Да се вратиме на темата…
Интелегентен човек е во состојба да ја предвиди ситуацијата како неговите постапки ќе влијаат кај другите луѓе. Тоа може да биде емпатија, но емпатијата не се учи во училиште или може да се прочита во некоја книга. Тоа е способност на нечива интелегенција.
Емпатија е способност да се поистоветиш со некој друг. Потоа донесуваш одлука која е најдобра во определената ситуација. Луѓето кои таа способност ја немаат, не можат да разберат зошто нивните зборови и постапки делуваат на некој на определен начин и причинуваат одредени реакции.
Интелегентните луѓе секогаш учат и ги слушаат луѓето
Интелегентните луѓе никогаш немаат чувство како да се најпаметни во светот. Свесни се за своите граници и подготвени се да признаат кога нешто не знаат, па ги слушаат другите како би научиле за нештото што не знаат.


Само полнење на умот со информации е карактеристика на луѓе кои веруваат дека се интелегентни, а впрочем се само добро образувани и начитани. Тешко им е да признаат кога не се во право. Тоа е поради тоа што се ограничени во начинот на размислување. Ова не го тврдам јас туку “The Spirit Science “ го докажа од спроведеното научно истражување.


Затоа често на моите работилници истакнувам дека само класичното образование не е доволно за некој да биде успешен. Потребно е да се усовршуваат останатите фактори кои влијаат на успехот на секој поединец, а класичниот образовен систем не не учи.


Да погледнеме неколку видни луѓе од историјата на бизнисот и спортот.
Warren Buffett, Stive Jobs, Henry Ford, Thomas Edison, Bill Gates, Mark Zuckerberg….
Што е заедничко кај сите овие луѓе.
Секогаш биле опкружени со попаметни од нив, имале високо разивиена емоционална интелегенција, никогаш не се однесувале конвенционално, сите имале добри комуникациски вештини, сите биле одлични продавачи на својата визија, сите имале голема визија и поставени високи цели, сите биле великодушни во споделување на дел од стекнатото богатство (хуманитарци)

Што се случува спортот?


Истото се случува и во спортот. Погледнете ги само резултатите на Новак Ѓоковиќ.
Ако тој учеше за тенисот 15 години во училиште, а никој не му кажа дека треба да вежба напорно, да визуализира, медитира, се храни здраво, работи на физичката кондиција, да ја разбере техниката на тенисот, да биде радознал во проучувањето на неговите слабости и недостатоци… како и многу други фактори кои влијаат на успехот, а не се учат од книга, никој од нас денес немаше да знае кое е тоа обично момче од сосетството.


Затоа еден од најголемите фактори дали со некоја компанија ќе соработувам или не, одлучува фактот дали на чело на компанијата стои интелегентен или само образуван човек.
Со интелегентните е лесно. Секогаш на крајот постигнуваме добри резултати. Со останатите само се надмудруваме и се бркаме како мачката и глувчето.
Ако ти се допадна текстот, пиши коментар

Александар

Leave a reply:

Your email address will not be published.

Site Footer