Недостиг на Кадар или Недостиг на ВИЗИЈА?

Македонското стопанство се соочува со голем проблем!

Постои вистински недостиг од млад, мотивиран, и квалитетен кадар за важни позиции кои се клучни за стабилност и создавање на услови за раст и иновативност во компаниите.

Само промената е константа

НОВО ВИДЕОВо ова пет минутно видео има неколку пораки што сакам да ги испратам.Една од нив е дека што и да правиме и колку и да сме добри во бизнисот, работите константно ќе се менуваат. Ние, како сопственици на бизнис ја имаме одговорноста постојано да бараме начини за да бидеме во тек со промените. Погледнете го видеото за да видите за што станува збор и потоа кликнете тука: https://goo.gl/forms/k9q2Qo2G4BVZi4wv2 за да учествувате во истражувањето што го правиме.

Gepostet von Aleksandar Kocovski, Life & Business Coach am Mittwoch, 13. März 2019

Губејќи верба во домашните претпријатија, младите заминуваат на полулегални работни понуди се со цел да ги подобрат своите, и животните услови на нивните фамилии.

Со ова, во државата се губи работната сила, се губи потенцијалот на една компанија, а со тоа, полека прекинуваат и побарувањата и повиците од потенцијалните клиенти.

Па, како може една компанија ефективно ДА СЕ СПРАВИ и со овој проблем?

„ТИ НАПРАВИ АНАЛИЗА“

Би сакал да споделам со Вас да споделам една случка од минатата година која ја имав со еден мој клиент.

Ми вели:

„Александар, ти направи ми мене една анализа, и кажи ми точно што треба да сработиме, а ние самите потоа ќе се фатиме за работа.“

Сето ова кажано со цел да се заштедат средства.

Да се разбереме, Консалтингот не треба да се сфати како трошок, туку како ИНВЕСТИЦИЈА која има за цел да го подобри начинот на кој го водите Вашиот бизнис, и која ДАВА РЕЗУЛТАТИ веќе после првиот состанок.

Така, 3 години по ред, компанијата на овој клиент не растела во примања, а за минатата година се надеваа на благ раст.

ИЗГОВОРИ И САМО ИЗГОВОРИ

„Се иселуваат луѓево, еве прошетај ниту еден човек, ма каков човек, семејство не остана во градов Александар. Добро, види сеа, и државата стварно треба…“

Веднаш кога ги чув зборовите „Државата“ и ТРЕБА, во истиот момент реков СТОП!

Вака, кога еден бизнисмен ќе почне да зборува за надворешни фактори и да ги обвинува другите за својот неуспех, едноставно морам да повлечам линија!

Во мојата консултантска работа, едноставно се изнаслушав вакви изговори и коментари и не можам а да не интервенирам.

ЈАСНО ДЕФИНИРАНИ ЦЕЛИ

Веднаш потоа го прашав која е всушност неговата стратегија и какви му се плановите и целите за следната година?

А за возврат добив одговор кој не ми звучеше поинаку од временска прогноза:

„Пааа…очекуваме да се зголеми производството, и со тоа, да се покачи и продажбата…“

Веднаш сфатив дека во таа компанија не постојат ЈАСНО ДЕФИНИРАНИ ЦЕЛИ за следната година, а не постои ниту и издржана стратегија со која би се постигнале тие цели.

Како што можете да претпоставите, ова е случај со голем број компании во нашата држава.

Најблаго речено, играат коцка и се надеваат на добивка, наместо вистински да се фокусираат на ПРОФИТАБИЛЕН бизнис раст.

НЕМА ПРЕДАВАЊЕ

Да, факт е дека луѓето се иселуваат од државата!

Факт е дека младите и способните кадри ја напуштаат државата, и тоа е нешто што зема замав и ќе се случува и наредните години.

Па така, се јавува недостиг од свеж кадар, а побарувачката на пазарот си го прави своето.

Но, Вие сте Претприемачи, и прашањето е што превземате во врска со успехот на Вашиот бизнис?

Ако во минатото постоеле 10 мини фабрики и производствени погони, сега постојат само 2. Ако постоеле 20 ресторани, сега ќе има само 4.

Моето прашање е – Дали Вие ќе бидете во тие 4, или само немо ќе го набљудувате гасењето на Вашата фирма?

Зарем сакате да бидете уште една фирма која ќе биде сооштена како дел од една поразителна статистика?

Дали знаете дека на светско ниво, само 3 од 100 новоотворени бизниси ќе ја дочекаат третата година, а само 3% од истите ќе ја дочекаат 10-тата година!

Овие податоци не ги измислив јас. Тоа е статистика која важи на глобално ниво и во периоди на криза, и во периоди пред и после иселување, за време на војни, и за време на нормални услови.

РЕШЕНИЕТО ВИ Е ПРЕД НОСОТ

Да се навратам на случката од минатата година – еве ги резултатите кои ги постигнавме и како го решивме проблемот:

Еден од пријателите на газдата на фирмата работел во Германија, па преку него, ја искористивме приликата да стапиме во контакт со неговиот работодавач.

За кратко време, договоривме извоз на производите во Германија, за тој и неговата фирма да ги продаваат и монтираат производите кои ги произведуваше мојот клиент.

Сигурно се прашувате како го ПОСТИГНАВМЕ овој РЕЗУЛТАТ?

Тоа беше фантастична ИДЕЈА на еден вработен во фирмата кој неколку пати во минатото му ја соопштувал на газдата истата идеја, но ете, да кажеме дека немало кој да го слушне.

Сопственикот бил зафатен со менаџирање, гасење пожари во фирмата и расправање на дневно-политички настани наместо да гради бизнис и долгорочна ВИЗИЈА.

КЛУЧОТ СЕ КРИЕ ВО КОМПАНИЈАТА

Заради ваквите ситуации постојат Брејнсторминг работилници, за да ги поттикнете Вашите вработени да работат и да размислуваат и да го искористат нивниот огромен потенцијал!

КЛУЧОТ за успехот е секогаш внатре во компанијата, односно во луѓето, Вашите вработени.

Тие се Вашиот потенцијал и Вашата вистинска ВРЕДНОСТ, а не машините, опремата, возилата, и останатото.

Што и да правиме и колку и да сме добри во бизнисот, работите постојано ќе се менуваат.

Промените се константа, впрочем, тое е она што го движи светот, особено Бизнис Светот.

Така, како сопственик на бизнис, Вие ја имате одговорноста да побарате начин за да бидете во тек со промените и иновациите, како од технолошки аспект, така и во поглед на управување со компанијата.

Колку се позадоволни Вашите вработени, толку похрабри ќе бидат да пласираат идеи и да носат иновација во Вашата компанија.

Ќе се изненадите колку одлични идеи можат да произлезат кога само ќе ги седнете сите заедно на маса и ќе ги ислушате!

Вашиот персонал е постојано на работа, дури и кога Вие не сте на работното место. Вработените постојано размислуваат и зборуваат за работата, бидејќи и тие се загрижени за бизнисот исто колку и Вие.

САКАЈТЕ ГИ ПРОБЛЕМИТЕ

Се надевам дека овој пример успешно ќе го искористите за конечно да тргнете напред, наместо да се жалите.  

Значи се е до Вашиот начин на размислување!

Каде ги гледате во моите решенија изговорите „Државата“ или „Треба“?

Тоа што за Вас претставува криза, за некого е совршена прилика за успех!

Како Претприемач, Вие треба да се радувате и да ги сакате проблемите, затоа што нивното решавање е Вашиот пат кон Успехот.

Колку е поголем проблемот, толку е поголем успехот и чека на Вас!

Исто така, би сакал уште еднаш да ги повикам оние кои не се вклучија во истражувањето кое го спроведувам со мојот тим истото да го сторат ОВДЕ.

Се работи за само 5 прашања кои би ви истрошиле само една минута, а мене би ми значело премногу!

Leave a reply:

Your email address will not be published.

Site Footer