ВНАТРЕШНИ КОНФЛИКТИ: Катализатори за БИЗНИС РАСТ

Во секоја компанија постојат различни сектори во кои работат различни луѓе.

Секоја карактерна особина, вера, нација, возраст и останати разлики можат да ВЛИЈААТ на нивната секојдневна комуникација, начинот на кој се однесуваат, како и на квалитетот на работењето.

Вашата улога како Бизнисмен е да ги надминете овие разлики во Вашиот тим и секоја предност да ја искористите за раст на компанијата.

Но, во нашата држава најчест случај е тоа Менаџерите и Сопствениците комплетно спротивно да влијаат на своите вработени, наместо да ги надминуваат разликите и да ги мотивираат.

Наместо комуникацијата да се однесе на едно комплетно ново ниво, тие постојано гасат или распламнуваат „пожари“ во секој сектор од фирмата.

Ваквите ситуации создаваат вистински револт помеѓу вработените, и најлошо од се, креираат внатрешни конфликти.

Дозволете да ви раскажам како успешно да ги надминете овие ситуации преку практичен пример од моето досегашно искуство.

„ГЛАВНИОТ“ Секогаш Знае Најдобро

Во мојата консултантска работа, секоја недела го слушам истиот муабет:

„Плата покачена! Најновите возила! Најновите машини! Најсовремени сме, си видел ли Александар посовремени услови од овие во мојава фирма!?

Не дека е моја, но стварно сме без конкуренција! И сеа, што уште сакаат од мене!? Платата била мала, а кај се резултатите!? Нема резултати, а реално треба да газиме на терен!“

Дами и господа, ова е типично размислување на „Главниот“.

Ова се тип на бизнисмени кои ги интересираат само резултати. Разговараат со вработените на висок и арогантен тон, и постојано се незадоволни.

Не велам дека фокусот кон резултати е лош, но ете, луѓето се такви по природа, а тоа колку е добронамерно толку и знае да наштети на работата.

Кај „Главните“ се мора да биде перфектно и да не фали ниту влакно!

Ако им затреба некоја машина или било што од опрема, тие ќе најдат начин како тоа да го поседуваат.

Патем, ова е одличен начин на размислување, подобро речено, ФАНТАСТИЧЕН и ефикасен начин на решавање на проблеми.

Но, главниот проблем е што овој тип на сопственици на бизнис очекуваат сите луѓе да размислуваат како нив, а најмногу вработените во компанијата.

Различни Размислувања = Различни Гледишта

Ако некој размислува барем малку различно, не постои милост:

„Ништо од тебе мрзо, пакувај се.“

Во една компанија каде што бев ангажиран со цел зголемување на продажба, имав речиси идентична ситуација како споменатата погоре.

Навидум се изгледаше безнадежно, а највиновни беа се разбира, вработените.

Но, јас им ПОМОГНАВ да направат комплетен пресврт во работата и стапката на продажба.

КАКО, сигурно се прашувате?

Со истиот број на луѓе во компанијата, само со прераспределување на вработените заедно успеавме да постигнеме РАСТ ОД 38% истата година!

Се работи за компанија која постои веќе 16 години. Значи, не е ниту стартап ниту ново и мало претпријатие од кое се очекува ваков раст.

А што поточно направивме, односно, како УСПЕАВ да го извлечам овој потенцијал од споменатата фирма?

Најпрвин, направивме проценка на ПОТЕНЦИЈАЛОТ на секој вработен во фирмата, за да дознаеме повеќе кои се предностите на личноста, во какви услови работат, каков тип на работа и работна околина им лежи, и дали и каде можат да го дадат МАКСИМУМОТ.

Потоа, дали се КОМУНИКАТИВНИ или повлечени луѓе кои повеќе би работеле во затворен простор без гужви и галами?

Како што реков погоре, сите сме различни, од вработените до шефот, и сите имаме различни мотивации и потреби.

По добиените резултати од проценката, еве ги трите ЧЕКОРИ кои ги направивме за раст на компанијата:

1. Неколку од КЛУЧНИТЕ луѓе беа прераспределени.

2. Го променивме системот за НАГРАДА на вработените.

3. Извршивме ОБУКА на продажниот тим за напредна комуникација и стилови на пристап.

Преку ова, секој од вработените зачекори на патот преку кој успешно може да ги реализира своите и целите на компанијата.

Мотивацијата е Клучот

Како сопственик на бизнис, Вие можете да потрошите еден тон пари на вработените, а да немате никаква придобивка од тоа.

Вие морате да се осигурате дека Вашиот систем за награда и унапредување на работни места е функционален, и морате да знаете точно што го МОТИВИРА секој Ваш вработен.

Значи, зборуваме за познавање на ДНК-то на совршениот вработен за позицијата, а не само листање на CV или препораки од комшијата и братучедот.

За продажбата како занает, сеуште не постои конкретно формално образование или диплома која ќе ви гарантира дека еден вработен ќе биде ИГРАЧ на пазарот.

Повеќе од 80% од компаниите се занимаваат со продажба, а само минатата година, дури 76% од огласите за вработување во Македонија беа насочени кон Комерцијалниот сектор.

За мене, Претприемништвото е Врвот и го почитувам секој еден кој се одважил да вложи капитал, да отвори компанија и да креира сопствен тим од менаџери и продавачи.

Но, не ми замерувајте ако кажам дека доколку сте немале ниту еден ден искуство во ПРОДАЖБА, не можете тоа да им го доловите на луѓе кои сакаат да станат експерти под Ваша закрила.

Зачекорете во Туѓите Чевли

https://www.facebook.com/kocovskialeksandar/videos/1243477825806545/

Држењето лекции е едно, а сосема друго е клиентот постојано да си игра со Вашите чувства:

„Не не, многу високо е тоа, можам од друг за поефтино да земам!“

„Види, знаеш каква е ситуацијата, каде попрво!?“

“Ајде да видиме после изборите а, да видиме дали ќе бидеме на власт нашите!?“

„Барај ме после одморите!“

Постојано да ве одбиваат, па да слушате приговори за цени, па каква била ситуацијата во државата, па кој ќе победел на избори па после тоа, бла бла бла бла…Уште што ли не слушаат комерцијалистите и продавачите на терен.

Ви Македонија се работи за гола егзистенција, нема овде многу простор за теоризирање и составување на хипотетички ситуации.

Луѓето имаат кредити за враќање, децата ги чекаат дома за да јадат, да им купат играчки, и да овозможат поубави услови.

Вашите вработени имаат 1001 проблем, даваат се од себе на работното место, и само уште вие им фалите со Вашето непотребно критикување.

Ако е така, тогаш КОГО вие вработувате и од кого ОЧЕКУВАТЕ резултати?

Ако сакате да напредувате во работењето, РАБОТЕТЕ со тимот и помогнете му на секој да ги оствари своите лични цели, бидејќи тие не работат за Вас, туку за Себе, преку Вас.

Од секое недоразбирање и конфликт може да се извлече најдоброто.

Вашите вработени ќе научат како подобро да се справуваат со препреките, комуникацијата ќе се подобри, меѓусебната доверба ќе порасне, а сето тоа ќе ве носи кон поголема продуктивност и профитабилност на Вашата компанија!

За крај, би сакал да ги потсетам сите оние кои досега не земаа учество во истражувањето кое го спроведувам заедно со мојот тим да го пополнат прашалникот ОВДЕ. Целта на истражувањето е да дознаеме дали во Македонија еден човек може да постигне хармонија во својот живот и во својот бизнис, а неколкуте прашања кои можете да ги одговорите ќе ни послужат подобро да допреме во проблемите и да ги разбереме, за да ја збогатиме содржината и да дадеме уште повеќе практични совети и примери.

Leave a reply:

Your email address will not be published.

Site Footer